Лажна пријава за експлозивна направа во Трговскиот центар во Струмица

од desk2
177 прегледи

Во периодот од 18 до 23 часот синоќа од СВР-Струмица било извршено вонредно обезбедување на културната манифестација „Струмички карневал 2019“ поради пријава за поставена експлозивна направа во трговскиот центар.

МВР денеска соопшти дека околу 18 часот вчера во дежурната служба во СВР-Струмица, Т.У. (32) од Кочани пријавил дека ќе биде поставена експлозивна направа во трговски центар во Струмица.

По пријавата било постапено од Одделот за антитероризам и по преземените мерки констатирано било дека се работи за лажна пријава.