Заев: Законот за СЈО мора да биде донесен до крај на март за да се запазат роковите кои се услов за отворање преговори за влез во ЕУ

од desk4
107 прегледи

Премиерот Заев по вечерашната средба со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски изјави дека законот за СЈО мора да биде донесен до крај на март за да се запазат роковите кои се услов за отворање преговори за влез во ЕУ.

Драго ми е што опозицијата прифати да имаме работни групи за законот за јавно обвинителство. Ова СЈО треба да се вгради во јо и да му седаде шанса овој капацитет да продолжи на цело со Јанева и целиот тим. Очекувам низ разговорите на работни групи да се постигнат услови, иднината на јо да има иднина на опстојвање.

Ова е значаен дел од реформите.

Во делот на она што значи иднина на СЈО, вградено воЈО во системот на обивнителство на  Македонија тоа треба да го направиме во соодветен период. Ние треба до крајот на месец март да изградиме заеднички ставови и да ги изгласаме реформските закони. Разговаравме и за аспекти кои ќе значат дијалог и за други работи во државата. Отворив прашање за процесот на помирување кој треба да продолжи“, рече премиерот.

Заев изјави дека дека во текот на разговорите Христијан Мицковски условувал Катица Јанева да не го води Специјалното јавно обвинигтелство.

-Мандатот на СЈО се продолжува до Септември 2020, а не може со закон да се ограничи Јанева повторно да конкурира – изјави тој.

За барањето на опозицијата  Јавниот обвинител да го избере опозицијата Заев реце дека власта не се согласува сега, а понатаму ако се стави тоа во законот, нема ништо против.