Ван Дајк: Ќе треба да бидеме подобри во однос на последните гостувања

од Vlatko K
93 прегледи

Ливерпул треба да биде подготвен за голема битка при гостувањето кај Баерн (Минхен) во реваншдуел од осминафиналето во Лигата на шампионите утре. Ова го изјави централниот дефанзивец наЛиверпул, Вирџил ван Дајк. Првата средба на „Енфилд“ минатиот месец заврши без голови – 0:0.


„Во групната фаза на турнирот не игравме толку добро колку што сакавме, но најважно е дека се
квалификувавме за фазата на елиминација. Ќе биде тешко на реваншот во Минхен и треба да
играме на значително подобро ниво во споредба со последните наши гостувања во ЛШ. Ќе се
потрудиме да продолжиме во следната рунда“, прокоментира Ван Дајк.

„Ние сигурно ќе имаме тешки моменти, во кои Баерн ќе не притисне во нашата половина, но ќе
имаме свои ситуации за кои се надеваме дека ќе ги искористиме. Мораме да го издржиме
притисокот на почетокот. Ако дадеме гол, тие ќе мора да вратат два и токму тоа ќе се обидеме да
го направиме. Сакаат да победиме и да продолжиме напред“, прокоментира уште Ван Дајк пред
британските медиуми.

Средбата е во среда во 21 часот.