Англискиот шампион Манчестер Сити ќе создаде фонд од кој ќе бидат компензирани жртвите на
сексуално насилство, манифестирано од поранешниот тренер од школата на клубот – Бари Бенел,
пишува весникот „Гардијан“.

Бенел во моментов е во затвор, каде отслужува 30-годишна затворска казна за сексуална
злоупотреба на деца во школата на Сити. Предметниот тренер бил во два периоди тренер во
Академијата на „граѓаните“ меѓу 1976-та и 1984-та година, пред да се приклучи на една од
најпрестижните школи во земјата – на Кру Александра.
Се претпоставува дека жртвите ќе добијат шестцифрени суми и писмено извинување како
компензација.
Според податоците кои се во канцеларијата на Манчестер Сити, околу 40 веројатни тужители
поднеле барања против Бенел, кој бил затворан за различни периоди четири пати, вклучувајќи и
еднаш во САД, каде што исто така има работено за кратко во фудбалска школа.
Манчестер Сити ќе понуди исто така финансиска компензација од друг фонд на жртвите на Џон
Брум – докажан педофил, кој почина во 2010-та година. Брум работел за „небесносините“ како
одоговрен за дисциплина на талентите и како тренер во училиштето.
Девет лица во моментов се споделиле дека биле предмет на сериозно сексуално насилство од
страна на овој педофил, вклучувајќи и силување, пишува уште „Гардијан“.