Големата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, призна дека трофејот во Лигата на шампионите е
попрестижен од обој во Премиер Лигата, но тој е подготвен да го жртвува својот сон, за сонот на
неговиот клуб и градот.

„Ќе бидам искрен со вас, најпрестижниот турнир за мене е Лигата на шампионите. Но сонот на
целиот град и клубот, е титулата во Премиер Лигата. Затоа ќе бидам среќен да го жртвувам мојот
сон за нив, но ако ги освоиме и двата, би било одлично. Тоа е она што ние се обидуваме да го
направиме. Конкуренцијата е многу тешка и имаме тешки натпревари до крајот, како и Манчестер
Сити. Сè што можеме да направите е да ги освоиме нашите натпревари и да се надеваме дека во
еден од нив ќе успееме да ја освоиме титулата. Ќе видиме што можеме да направиме до крајот од
сезоната, но јас сум ментално подготвен за сè “, изјави Салах за „Sky Sports“.