Нова технологија овозможува автономните автомобили да ги предвидуваат движењата на пешаците

од Vlatko K
143 прегледи

Автономните возила се интересна иновација, и само прашање на време е кога ќе станат дел од
нашиот секојдневен живот. Водечките производители и ИТ компании водат низа јавни тестови, но
сè уште има голем број проблеми. Главниот фокус на автономните автомобили е безбедноста на
другите учесници во сообраќајот, што во голема мера го забавува нивниот влез на пазарот.


Научниците од Универзитетот во Мичиген работат на уникатен систем кој нуди ефикасно решение.
Нивниот проект е поврзан со развојот на метод за обука на автономни автомобили за да се
предвидат движењата на пешаците. За да се постигне овој ефект, се користи невронска мрежа која
ги анализира различните ситуации во реално време на патот. Идејата е за автомобилите да се
ориентираат брзо во просторот, знаејќи каде се другите возила и пешаци. На овој начин ќе се
избегнат потенцијалните инциденти, пренесе „DigitalTrends“.

Системот се фокусира на многу фактори како што се позиција на тело, одење, траекторија и многу
повеќе. Податоците се користат за да се предвиди каква ќе биде следната акција на едно лице.

Првичните тестови со овој софтвер покажуваат оптимистички резултати, а научниците се надеваат
дека ќе можат да ја доведат прецизноста на системот до што е можно поблиску до 100%.

Интеграцијата на таква програма ќе ги направи автомобилите уште побезбедни.