Заев: Зошто обвинител странец кога дома имаме квалитетни луѓе?

од desk2
142 прегледи

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 ја коментираше средбата со Христијан Мицкоски и се осврна на новиот закон за јавно обвинителство.

-Убав беше денот, Прочка, има симболика. Целта беше да поразговараме на повеќе теми, а пред се изборите. Се помиривме со соседите, ред е и дома да се помириме. За Катица Јанева имавме различни ставови, јас сум поддржувач зашто заедно со опозицијата ја правевме селекцијата. Секако во идно време тоа СЈО ќе ја гони власта, и сегашната власт. До крајот на март Парламентот треба да работи и тоа е доволно време да се подобри и донесе Законот. Зошто обвинител странец кога дома имаме квалитетни луѓе? Опозицијата треба да го предложи, а ако нема квалитетен, тогаш да бараме странец, рече Заев.