Како да ја инсталирате првата бета верзија на Android Q?

од Vlatko K
89 прегледи

Google го одржаа своето ветување и ја претставија официјално првата бета верзија на Android Q,
која веќе се тестира од страна на девелоперите. Плановите на компанијата предвидуваат вкупно
шест прелиминарни верзии пред да се подготвени со финалниот изглед на оперативниот систем.


Следните три бета надградби ќе станат факт во април, мај и јуни. Google планираат уште две
ажурирања пред официјалната премиера на Android Q, која ќе биде достапна за корисниците во
третиот квартал.

Првата бета верзија има за цел да им овозможи на програмерите да почнат да ги тестираат
мобилните апликации во Android Q. Токму поради тоа се уште не се утврдени сериозни промени во
интерфејсот, што ќе се случи во завршните фази на развој. Ако сакате, можете уште сега да ја
тестирате Аndroid Q Beta, но е потребно да имате паметен телефон од брендот Pixel. Тука влегуваат
Pixel 3, Pixel 3 XL, Pixel 2 и Pixel 2 XL, како и оригиналниот Pixel, пријави TheVerge.

Добар совет е да направите резервна копија на вашите информации како СМС пораки, слики,
историја на повиците, апликации и други мултимедијални датотеки. Следниот чекор е да се
приклучите кон бета програмата на Android, за да можете да имате пристап до најновите верзии на
платформата. што можете да го направите од овој линк;

(https://www.google.com/android/beta#devices). Регистрацијата бара исклучиво активна Gmail
сметка, како и да изберете на кој од компатибилните уреди да биде симната бета верзијата на
Android Q.