Вчера Facebook, Instagram и WhatsApp имаа сериозни проблеми со функционирањето на различни
места низ светот, што веднаш покрена сомневања за DDoS напад. Проблемите веќе се отстранети,
а Facebook коментираше дека сè е последица на промена во конфигурација на сервер.

Според социјалната мрежа, која се извинува на корисниците за непријатностите и им се
заблагодари за трпението, се веќе е во ред и нејзините производи и услуги функционираат
нормално.
Според CNN, проблемите со Facebook, Instagram и WhatsApp траеле најмалку 14 часа.
Вчера од социјалната мрежа потврдија дека имало нарушувања во нивната нормална работа,
потврдувајќи дека некои корисници имаат потешкотии при пристапот до своите апликации.
Сепак, поминаа повеќе од 10 часа пред нивното нормално функционирање да продолжи.