Килијан Мбапе ќе плати казна поради задоцнување на состанок на тимот. Тој и Адриен Рабио ќе
мора да дадат по 180.000 евра за прекршување на тимските правила. Причината е доцнењето пред
натпреварот на ПСЖ со Марсеј на 28 октомври.

Мбапе ја прифати казната со потпишување официјален документ и се извини за неговото
однесување. Средствата ќе бидат префрлени директно кон Фондацијата на ПСЖ.
Реал Мадрид внимателно го следи секој развој околу суперѕвездата во неговата желба да го
привлече во текот на летото.
За Рабио, ова е уште еден проблем годинава, исполнета со скандали меѓу него и клубот.