Времето на Спалети во Интер истекува, тројца кандидати чекаат за неговата позиција

од Vlatko K
122 прегледи

По лошите резултати во последно време и елиминацијата од Лига Европа, во Италија се проговори
за отпуштањето на тренерот на Интер, Лучано Спалети.

Сопствениците на клубот се незадоволни од неуспехот во Европа, но не планираат да го менуваат
тренерот пред крајот на сезоната, па дури и „нероазурите“ да го загубат дербито против Милан.

Тимот има сериозни цели до крајот на кампањата во Серија „А“, имено завршување во топ 4 и
враќање во Лигата на шампиони.

Фаворит за наследник на Спалети на чело на тимот е Антонио Конте – поранешниот тренер на
Јувентус и на италијанскиот национален тим. Сепак, тој може да се врати на чело на „бјанконерите“,
па така Интер има и други кандидати.

Тоа се менаџерот на Челзи, Маурицио Сари и тренерот на Сампдорија, Марко Џампаоло.