Кацарска: Во оваа фаза Иванов нема право да прогласи амнестија

од desk4
144 прегледи

Откако Јавното обвинителство за гонење организиран криминал ја прошири листата на обвинети со организаторите, судијата Кацарска вели дека не знае дали правдата ќе биде задоволена затоа што уште не е запознаена со доказите на обвинителството.

Кацарска: Пресудите за „Тенк“ се соодветни, не можеше да не ѝ се суди на Јанкуловска само поради тоа што е мајка

-Ако го работам тој предмет, ако ги имам сите докази од кои ќе може целосно да се утврди фактичката состојба во смисла дека тие го сториле кривичното дело, тогаш тие би биле сигурно осудени и ако се осудени, тогаш можам да кажам – да, правдата е задоволена.

Според неа, претседателот Ѓорѓе Иванов во оваа фаза пред изборите нема право да прогласи амнестија, но како граѓанин на државава и како судија, се надева дека нема да го направи тоа, порача Кацарска во синоќешното интервју.