Екранот на Galaxy S10 се активира и при носење во џеб

од Vlatko K
97 прегледи

Во денешно време, сите смартфони со Android располагаат со сензор за близина, кој му
овозможува на екранот да се исклучи за време на разговорите или пак ако го ставите во џеб. Тоа е
доволно добро позната функционалност, но изгледа дека новите модели Galaxy S10 имаат проблем
со неа.


Во изминатиов период има многу поплаки од корисници кои се сретнуваат со вклучување на
екранот, кога уредот е во нивниот џеб. Излегува дека паметните телефони го користат сензорот за
близина само за време на разговорот. Ова предизвикува активирање на екран при допир со ногата.

Уредот го препознава тоа како команда за будење со двојно удирање на екранот, а случајно
отклучување не што само ја зголемува потрошувачката на енергија, но води кон активирање на
различни функции. Обидите да се ограничи овој непријатен ефект преку намалување на
чувствителноста на екранот и активирање на опцијата „prevent accidental touches“ не дале резултат.

Засега единствениот начин за справување со проблемот е да се исклучи опцијата за будење со
удирање и „ambient display“, но пак тоа го отежнува будењето на телефонот, бидејќи копчето за
вклучување е поставено високо.