


Кандидатура веќе поднесе Блерим Река, кандидат на албанската опозиција, а се очекува тоа да го сторат и останатите двајца кандидати Стево Пендаровски од СДСМ и коалицијата и Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
За официјализирање на претседателската кандидатура потребно е кандидатите да достават 10.000 граѓански или 30 пратенички потписи по што ДИК треба во рок од 48 часа од доставувањето, да ја потврди кандидатурата. Доколку има неправилности, тогаш кандидатурата се враќа и поднесувачот има рок од 48 часа да ги отстрани утврдените неправилности.
Кампањата за претседател на државата почнува на 1 април и ќе трае до 19 април по што следува изборниот молк. Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот за 5 мај.
Под кој реден број ќе се најдат кандидатите, ДИК ќе утврди на 25 март со ждрепка.
Доколку ниту еден кандидат за претседател не го добие потребното мнозинство гласови, тогаш ќе се одржи втор круг и гласачите ќе бираат меѓу двајцата кои освоиле најмногу гласови. Кампањата за втор круг би завршила во 24 часот на 3 мај, а гласањето би се одржало на 5 мај. Победник на изборите ќе биде еден од двајцата кандидати кој во вториот круг освоил повеќе гласови, но под услов да биде остварен цензусот односно доколку гласале повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи. Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите за претседател не го добие потребното мнозинство гласови, ќе се повтори целата изборна постапка.
Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.