Слоганот на кампањата за кандидатот за претседател со број 3 ,Стево Пендаровски ќе биде ЗАЕДНО НАПРЕД!
Така е договорено синоќа на работната средба на Централниот изборен штаб на која присуствувале сите министри, градоначалници и функционери на партијата, соопштуваат партиски извори за Локално.мк
Слоганот ја одразува суштината на Програмата на Стево Пендаровски која се темели на заедништво, на обединување на граѓаните и на забрзан развој на земјата на патот кон НАТО и ЕУ.
ЗАЕДНО и НАПРЕД е суштината и на досегашното работење на Стево Пендаровски и претставува континиутет на неговата општествено-политичка присутност и ангажираност.