Грчкиот министер за одбрана повика на единство и консензус

од desk4
93 прегледи

По повод 198-годишнината од почетокот на војната за независност од Отоманската империја, министерот за одбрана на Грција, пензионираниот адмирал Евангелос Апостолакис повика на “единство, согласност и консензус” и борба на  земјата со тешкотиите за да продолжи напред.

“Годишнината од 25 март 1821 година не е само ден на меморија и гордост за грчката борба против Османлиското ропство, но исто така и потсетник на она што луѓето можат да постигнат со единство и согласност, кога околностите го бараат”, рече Апостолакис.

Обраќајќи се кон вооружените сили, Апостолакис истакна дека “растечките предизвици и новите барања за безбедност во поширока област прават уште повеќе императив да внимаваш, дас е биде претпазлив и решителен”.

Апостолакис рече дека “заедно со нашата држава-сестра Кипар, нашата земја охрабрува дијалогот за прашањата на безбедноста меѓу земјите од Балканот и Југоисточна Медитеран”, нарекувајќи ја Грција “столб на стабилноста”.