Трибина за иднината на економските односи со Руската Федерација

од Марта Пешевска
118 прегледи

Македонско-руската стопанска комора денеска организира деловна средба на тема „Иднината на економските односи со Руската Федерација“.

Средбата се организира по повод 14-годишнината од постоењето на Македонско-руската стопанска комора.

Организаторот најавува обраќање на амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Александрович Баздникин и на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.