Заев : Ако изгуби Пендаровски , ќе се согласиме на предвремени парламентарни избори

од desk2
114 прегледи

Ако побарате предвремени парламентарни избори , и доколку Стево Пендаровски изгуби , тогаш ќе се согласиме на предвремени парламнентарни избори , рече претседателот на СДСМ и премиер , Зоран Заев.

Претседателот на ВМРО –ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара од претседателот на СДСМ да се изјасни во врска со предвремените парламентарни избори.

Премиерот Заев рече дека не е вистина она што го зборува Мицкоски во врска со поднесена иницијатива за предвремени избори поднесена од опозицијата.