Huawei продолжува да го следи својот амбициозен план да стане најголемиот производител на
паметни телефони во светот. Кинескиот производител е надминат во овој сегмент само од
Samsung, но тие се надеваат дека ќе бидат пред нивниот ривал пред крајот на годината. Додека
очекуваме да видиме дали ова ќе се случи, дознаваме дека Huawei веќе започна со тестирање со
својот следен смартфон од висока класа, пренесе gsmarena.

Уредот е достапен за експерименти на различни тимови на компанијата, при што официјалната
премиера ќесе случи на есен. Според најновите податоци, Huawei Mate 30 ќе биде прикажан за
првпат во септември или октомври, а конкретен датум ќе биде дополнително објавен. Фактот дека
Huawei веќе тестира прототипови е показател дека тие сакаат да го понудат најдоброто на своите
корисници со нивниот следен Android предводник. Податоците за Мате 30 сè уште се ретки.
Едно од подобрувањата што нè очекуваат во уредот е Kirin 985 процесорот, кој ќе се произведува со
7-нанометарска EUV технологија. Благодарение на тоа, архитектурата ќе понуди 20% повисока
густина на транзистори отколку Kirin 980. Интеграцијата на 5G модем, исто така, изгледа сигурна. Во
оваа фаза, нема други информации за техничките спецификации на претстојниот модел од
популарната серија на Huawei, а ние допрва треба да разбереме повеќе за направените
подобрувања.