Ново уникатно достигнување на Федерер

од Vlatko K
218 прегледи

Легендата Роџер Федерер уште еднаш покажа дека годините не значат ништо. Иако е близу до
неговиот 38-ми роденден, тој продолжува да ја препишува историјата на тенисот. И тоа го стори со
пласманот во финалето на турнирот од серијата „Мастерс“ во Мајами.

За него ова е 50-то финале на турнири од овој ранг, станувајќи првиот тенисер со такво
достигнување. Зад него се и другите двајца гиганти кои имаме среќа да ги гледаме денес – Рафаел
Надал со 49 и Новак Ѓоковиќ со 47.

Иако е тенисерот кој најчесто стигнува до дуелот за титулата, Швајцарецот не може да се пофали со
најмногу победи во нив. Тој има 27 титули, додека лидер е Надал со 33, а Ѓоковиќ – со 32. Ова го
прави Маестро играчот и со најмногу порази во финалињата на „Мастерс“ турнирите.

Тој годоживеа разочарувањето од поразот во последниот судир само пред неколку дена на
турнирот во Индијан Велс. Сега во Мајами против него ќе биде минатогодишниот победник Џон
Иснер, кој располага единствено со моќен сервис, но тоа му помага често да доаѓа до победи.

„Знам дека Џон нема да пропушти многу сервиси и ќе ми биде тешко против него. На „Лејвер купот“
ми се наметна да спасувам меч топка, но знам што да очекувам од неговата игра. Во недела јас ќе
бидам како голман кој треба за да ги спаси пеналите“, изјави Федерер за неговите очекувања за
последната битка што ќе биде на програма во недела.