СДСМ: Мицкоски да одговори дали се сретнал со Груевски во Будимпешта

од Vladimir Zorba
126 прегледи

„ВМРО-ДПМНЕ призна дека Христијан Мицкоски еден ден пред почетокот на предизборната кампања бил на „транзитно“ патување преку Будимпешта. Доколку се вратил Мицкоски од „транзитното“ патување преку Будимпешта треба да одговори дали се сретнал со неговиот ментор, осудениот криминалец и бегалец од правдата Никола Груевски?“, прашуваат денеска од СДСМ.

„Дали непосредно пред почетокот на предизборната кампања, Мицкоски од Груевски барал совети за нивната кандидатка Гордана Силјановска?

Доби ли Мицкоски нови насоки од Груевски за деструктивно делување?“, се додава воденешното соопштение.