Грчкиот премиер Ципрас ѝ се закани на Тирана поради грчкото малцинство

од desk2
122 прегледи

Грчкиот премиер Алексис Ципрас упати барање до Тирана да не врши конфискација на дел од имотите на припадници на грчкото малцинство во областа Химара , јужна Албанија . Тој се закани дека ако Владата на Албанија го стори тоа, Атина ќе стави вето на членоство на Албанија во ЕУ.

Албанските медиуми нагласуваат дека во писмото што грчкиот премиер го упати во Владата во Тирана се наведува :,, Добив информација за одредени негативни активности на Владата во врска со грчкото малцинство. Ако тие информации се вистинити , тогаш ќе има мошне негоативни ефекти . Таквите најави не даваат знак за оптимистички перспективи на Албанија“, се вели во реакцијата на Ципрас упатена до Тирана. Истиот извор наведува дека заканите на Ципрас се отворени , но нема до овој момент реакција на владата во Тирана.