Познати четвртфиналните двојки во ракометната Лига на шампиони

од desk4
145 прегледи

Со одигрување на последниот реванш-натпревар од осминафиналната фаза, формирани се сите двојки за четвртфиналето во Лигата на шампионите во ракомет.

Македонскиот шампион Вардар ќе игра со унгарски Пик Сегед кој ја елиминира Висла Плок.

Двојки за четвртфиналето:

Нант – Барселона,
Киелце – ПСЖ
Фленсбург – Веспрем
Вардар – Пик Сегед.

Првите натпревари ќе се играат последната седмица од овој месец