
„Добро утро Македонијо! Ја почнувам кампањата денес од мојот роден град Охрид. Би сакала да информирам дека кампањата има две лица едното е граѓанското, другото е на најголемата опозициска партија и предводник на коалицијата партии кои застанаа зад мојата кандидатура ВМРО-ДПМНЕ. Во граѓанскиот штаб, шеф е Горан Момировски. Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, шеф е Генералниот секретар Јанушев“, вели кандидатот запретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска.