Екс премиероти бегалец од правдата, Никола Груевски, повторно се јави преку Фејсбук од Будимпешта, овојпат за да ги прокоментира судските постапки кои се водат во државава за актуелниот премиер, Зоран Заев.

Тој вели дека судијката Добрила Кацарска и Апелациониот суд „брзале“ да го осудат него, додека пресудите за Заев во случајот „Поткуп“ ги одлговлекуваат.
„Најверојатно апелациските судии и Кацарска во Основниот суд претходно брзаа да го решат предметот ,,Тенк,, за да не ме држат во неизвесност и во исчекување. Тоа е преголема почит, да ми помогнат, од љубов, хуманост и човекољубие…
А ова што го развлекуваат за Заев по година, две и повеќе е за да го измачуваат. Да види тој како е година две да не ти го решаваат предметот, па дури потоа да те ослободат.
Интегритет покажуваат. Не го фермаат. Го ослободуваат и чао, кој го прашува, не му се плашат!
Сега после избори, или ако сакаат уште малку да го мачат можеби и подоцна, кога ќе му „треснат“ на Заев една ослободителна пресуда на маса овие од апелација, ќе ја засенат и Кацарска…
Па изнервиран тој од нив, кога ќе фати да ги унапредува, има лом да биде…“, пишува почесниот претседателна ВМРО-ДПМНЕ, Груевски.