Бугарското МВР нуди хеликоптер во Македонија за спасувачка акција за паднатиот авион

од Vlatko K
450 прегледи

По вчерашната авионска несреќа на бугарското семејство Бошнакови денеска почнува потрагата по планината Јакупица каде е лоцирано паднатото летало на тешко пристапен терен

Бугарското Министерство за внатрешни работи уште вчера предложило на македонското МВР   да
испрати  хеликоптер кој ќе ја  облети планината Јакупица за пронаоѓање на паднатиот авион
Чесна, во кој имал бугарско семејство со две деца.
Ова беше објавено на министерот за внатрешни работи Младен Маринов за 24 часа. Тој е во
постојан контакт со македонскиот министер.
Скопје  засега ја одбија помошта . Авионот паднал на над 2.000 метри надморска височина, на голи падини каде што има снег.
Проценката   е дека нема преживеани.

Спасителите  треба да   се обидат да се искачат на планината и да
стигнат до остатоците, од леталото  , иако тоа станува збор за опасен карпест терен со врвови, на кои што има и снег.

Бугарија сé уште нема официјални информации за жртвите, рече министерот за внатрешни
работи. Меѓутоа, на аеродромот во Охрид, бизнисменот Георги Бошнаков, неговата сопруга
Калина и нивните две ќерки дефинитивно тргнале на пат за Софија.
Меѓутоа, кога ќе добиеме официјални информации и ќе ги најдеме жртвите,ќе  можеме да бидеме
сигурни дека тие беа на тој летт, рече министерот.
Георги Бошњаков има бизнис во областа на рециклирање, отпадоци и секундарни суровини.
Неговите  компании,   управуваат со неколку депонии во земјата.

Авионот Цесна за кој во 16:16 часот од М-НАВ беше пријавено дека се изгубил од радар, а полетал од Охрид за Софија од припадници на МВР е пронајден нешто по 19 часот на околу пет километри северозападно од Солунска глава, информира синоќа на прес-конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Тој информира дека од Охрид полетале четири лица, државјани на Република Бугарија, меѓу кои и едно малолетно лице.

Загинатите се лоцирани- бугарско семејство кое летало од Охрид

-Лоцирани се преку воздушен простор. Временските услови на локацијата се лоши, па и покрај сите обиди да се пристапи до локацијата, тоа засега е невозможно поради непристапен терен. Се прават обиди во најскоро можно време да се дојде и физички до авионот, рече Ангеловски.

Загинатите лица се родени  2000, 2005, 1970 и 1972 година.

Поради лошите временски услови синоќа е прекината потрагата по  урнатиот авион.

Остатоците од авионот се лоцирани на непристапен терен и голема височина, информираат од  КИНСИВ – Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти.

Оттаму додаваат дека потрагата ќе ја продолжат денеска.

Во утринскиот блок на Бугарската национална телевизија,  експертот за воздухоплови Ангел Борисов  посочи дека местото на инцидентот е крајно тешко  за летање, бидејќи претставува серија од високи врвови, и турболенции. Теренот е многу опасен и не требало да има отстапување од патот, рече тој. Тој, исто така, ја коментираше промената на одлуката на пилотот кој прво побарал вонредно слетување во Скопје, а потоа отишол во Софија. Експертот претпоставува дека, покрај лошите временски услови,има и  пилотска  грешка,  а треба да се испита и веројатноста за  исправност  на моторот .