Дипломатска дискусија на тема „Патот до Брисел” ќе се одржи денеска во Владата на Република Северна Македонија, на која ќе се обратат премиерот Зоран Заев и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.
163
Ќе се дебатира за процесот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, а ќе учествуваат и амбасадори на земјите членки на НАТО во нашата држава.
Настанот, во рамките на НАТО неделата, го организираат Министерството за одбрана, Евро Атлантскиот совет (АТА) и амбасадата на Република Словенија.