
Велика Британија направи клучен чекор кон тоа да се осигура дека нема да ја напушти Европската унија без договор, откако членовите на парламентот и некои политички лидери во земјата поддржаа задолжителното спроведување на систематски „Brexit“.
Непосредно пред настапувањето на полноќ во средата, Долниот дом гласаше за поддршка на мерка која забранува развод без договор, уништувајќи ги соништата на некои приврзаници на „Brexit“ во владејачката Конзервативна партија за напуштање без договор следната недела.
Предлог-законот, против кој премиерот Тереза Меј веќе се прогласи, беше усвоен со 313 наспроти 312 гласови. Следниот чекор е тој да се разгледа во горниот дом на парламентот, што може да сеслучи уште денес.
Гласањето ја прави разделбата со ЕУ без договор „многу веројатна“, изјави британскиот министер за здравство, Мет Хенкок пред „ВВС“. Но, од блокот зависи да прифати продолжување на крајниот рок за излез, што најверојатно ќе се случи под одредени услови.
И додека спротивставениот предлог се разгледува во Домот на лордовите, тогаш ториевците на Меј и лабуристите на опозицискиот лидер Џереми Корбин ќе треба да одржат интензивни преговори за изнаоѓање на компромисна позиција за односите со ЕУ. Меј и Корбин одржаа разговори во средата, кои двајцата ги опишаа како „конструктивни“.
Според зборовите на министерот Хенкок, премиерот ќе може да го наметне својот договор со Брисел само со помош на опозициските пратеници, бидејќи нема да успее да постигне пробив со евроскептиците во сопствената партија.
„Усвојувањето на договорот на премиерот со конзервативни гласови веќе беше тестиран и немаше успех, премиерот стори сé за да го протурка овој договор и така единствената преостаната опција за неа е да ги побара гласовите на лабуристите“, посочи Хенкок, цитиран од агенциите.
Меѓупартиската иницијатива е последниот обид на Меј да помогне на договорот во парламентот, за да може на тој начин да се спречи хаотичен „Brexit“ и да не и се наметнува на земјата да спроведува европски избори во мај.
Склучувањето на царинска унија изгледа како можен компромис, откако главниот обвинител Џефри Кокс, кој е меѓу поддржувачите на „Brexit“, веќе изјави дека е подготвен да прифати слична опција ако алтернативата е останување во ЕУ.
Тешкотиите за Меј ќе бидат да се задржи нејзината партија обединета, ако таа се одлучи да се предаде на барањата на лабуристите. Претходно, таа ја отфрли можноста за пристапување во царинска унија, бидејќи тоа ќе ја спречи Велика Британија да влезе во независни договори со трети земји.
Поддржувачите ториевци на „Brexit“ го нападнаа премиерот во средата поради тоа што со преговорите, ја отворила вратата за идеите на Корбин.