Опозициската Нова демократија има близу 9 поени повеќе од владеачката СИРИЗА на претстојните избори за Европскиот парламент, според најновата анкета објавено во четвртокот.
Социолошката агенција MRB, која направи истражувањето за телевизија Стар, утврди дека 30,1% од испитаниците изјавиле дека ќе гласаат за конзервативната опозиција на изборите во мај, против 21,1% за левите.
Левоцентристичката “Движење за промени” и нео-нацистичката “Златна зора” го заземаат третото место со по 6,2%, а Грчката комунистичка партија (ККЕ) е четврта со 5,5%.
Што се однесува до изборот им на националните избори, предвидени за октомври, ако не и порано, истражувањето покажа дека 30,6% од испитаниците би гласале за Нова демократија и 22,5% за СИРИЗА. Ова е разлика од 8,1 поен помеѓу двете страни, слично на онаа регистрирана од истата агенција во декември.
Запрашани кој сметаат дека ќе биде подобар премиер, 35,5% од испитаниците го одбрале конзервативниот лидер Кириакос Мицотакис, а 26,6% – премиерот Алексис Ципрас.