Samsung Galaxy S10 5G е поевтин, отколку што очекувавме

од Vlatko K
153 прегледи

Samsung официјално ја објави цената на Samsung Galaxy S10 5G и нејзиниот датум на издавање, и
ако очекувате огромно зголемување на цените во однос на Samsung Galaxy S10 Plus, може да имате
пријатно изненадување.


Според сајтот Sam Mobile, 5G верзијата на Samsung Galaxy S10 прво ќе биде достапна за купување
во Јужна Кореја на 5 април 2019 година. Цената нејзина е еквивалент на 1.367 долари.

Ова не е многу поскапо од Samsung Galaxy S10 Plus, кој чини 1.249 долари за 512 GB модел.
Претпоставувајќи дека а) овие цени, пријавени од Sam Mobile, се точни и б) не гледаме огромни
разлики во цените меѓу регионите, тогаш изгледа дека 4G S10 Plus и 5G S10 Plus може да се
постават со приближно иста цена. Ова е во контраст со податоците од минатиот септември, во кои
се велеше дека 5G верзијата на Galaxy S10 ќе биде скапо задоволство. Па, конечно, некои добри
вести за нашите џебови.

Што се однесува до боите, Sam Mobile вели дека моделот од 256 GB ќе биде достапен во Crown
Silver, Majestic Black и Royal Gold додека 512 GB верзијата ќе се нуди само во Crown Silver и Majestic
Black.

Откако новиот телефон ќе биде објавен во Јужна Кореја, САД очигледно е следен на распореотд. Сè
уште нема информации за кога ќе пристигне во Европа.