Симеоне за Кошта: Играчите на Барселона го прават истото, а не ги бркаат

од Vlatko K
93 прегледи

Тренерот на Атлетико (Мадрид), Диего Симеоне го прокоментира поразот на својот тим во дербито
на врвот во Шпанија против Барселона. Тој го заштити својот напаѓач Диего Кошта, кој го остави
тимот со играч помалку, откако го навреди сурово судијата на дуелот.


„Тимот одигра одличен натпревар, завршивме многу работа. И покрај протерувањето, екипата
одработи многу добро. Суарез го отвори резултатот, кога немаше доволно време за да се вратиме
во натпреварот. Не сум разговарал со Диего Кошта“, прокоментира Симеоне, цитиран од „АС“.

„Го прашав судијата колку е сериозна ситуацијата, бидејќи многу играчи на Барселона го прават
истото и не ги бркаат. Имаме 7 црвени картони во 11 натпревари, тоа е лошо“, додаде тој.