Пожар на планината Водно под контрола

од desk4
113 прегледи
   Пожар избувна вечерва на планината Водно, во пределот над Клиниката за детски болести „Козле“.

Во гаснење на пожарот интервенираат три возила и десет пожарникари од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.

– Состојбата е под контрола, се намалува интензитетот и нема поголема опасност, изјави за МИА, Владимир Симоновски, командир на Бригадата за противпожарна заштита