Зеленски има план за запирање на војната во источна Украина

од Vladimir Zorba
126 прегледи

Кандидатот за претседател на Украина, Володимир Зеленски изјави дека во името на мирот во источните региони е подготвен лично да преговара со рускиот претседател Владимир Путин, пишува „РБК“, цитиран од „Би-Би-Си“.

Во првиот круг од претседателските избори на 31 март, Зеленски доби 30,2 проценти од гласовите, победувајќи го сегашниот претседател на Украина Петро Порошенко, кој остана втор со 15,95 отсто. Зеленски го претстави својот план за запирање на војната во Донбас, што ќе го реализира, ако победи на изборите. Планот е поделен на неколку фази, објавува „РБК“.

Првата фаза е да се запре оганот на исток.

„Според мене не можеме да си дозволиме некој долготраен процес. Зашто секој ден почнуваме наутро со вести колку наши момчиња загинале на исток. Свесни сме дека секој ден значи живот, човечка судбина и трагедија за секое човечко семејство“, изјави Зеленски, цитиран на „РБК“.

Со цел да се продолжат мировните разговори, официјален Киев мора да продолжи да со социјалните исплати за жителите на Донбас, рече тој.

„Не само да подадемерака, не само да им ветиме, туку да ги обновиме овие односи. Да почнеме да ги плаќаме пензиите на луѓето. Пензиите на луѓето кои живеат таму. Тие се Украинци исто како нас. Ајде да им кажеме: луѓе, едноставно сте заведени. Тоа е само информативна војна“, ја објасни тој својата позиција.

Сепак, Зелински истакна дека нема да направи отстапки од Москва за размена на територии, додава „РБК“.

„Ние никогаш нема да жртвуваме територии и луѓе, а интегритетот на Украина мора да биде константа“, увери тој.