Во екот на тензијата пред започнувањето на емитувањето на последната сезона на „Игра на тронови“ со која ќе заврши ерата на овој мега популарен ТВ серијал, од HBO споделуваат некои слатки тајни од снимањата.
Иако на нашите екрани се изгледа магично и супермоќно, нашите омилени ликови ги играат обични луѓе кои, како и сите нас, се соочувале со низа предизвици во текот на градењето на нивните херои. Како и за секој човек, за актерот сетот е работното место на кое поминува огромен дел од животот, стекнува пријатели, некогаш греши, некогаш забавува, но често е под стрес.
Во серијалот сведоштва снимен со актерите специјално пред премиерата на финалната сезона, Емилија Кларк споделува како изгледал за неа првиот ден на снимањето. Таа тогаш има 22 години и ова е првото актерско и работно искуство во нејзиниот живот. И ни помалку, ни повеќе, таа треба да јава коњ. Во еден миг, мачејќи се да го скроти коњот и изгледа смирено глумејќи, таа е надвладеана од емоциите и почнува да плаче. Сега со насмевка, но тогаш со солзи, таа го започнува градењето на својот култен силен женски лик.
Повеќе вакви анегдоти, можете да слушнете во видеата.