Државата вложува во поддршка на домашното стопанство и во поттикнување на странските инвестиции. Тоа е моделот преку кој заедно со граѓаните и со бизнисите создаваме силна економија во која постои шанса за успех на секого. Ова го објави вечерва премиерот Зоран Заев на неговиот официјален фејсбук профил.
- Чагатај Кабло од Турција во ТИРЗ Скопје 1 (автомобилска индустрија за електрични инсталации со 100-тина вработени во моментов)
- ВИК од Германија во ТИРЗ Прилеп (апарати за домаќинство со 200 вработени со таргет до 1000 вработувања)
- Теламон од САД во Скопје Инџиково (браунфилд објект, електрични кабли за автомобилска индустрија со 70 моментални вработувања, до 300 вработувања во прва фаза и краен таргет до 830 вработувања)
- Cranfield Foundry од Русија во Пробиштип (модерна леарница за автомобилска индустрија со инвестиција со моментално 40 вработени, 90 до крајот на годината и таргет до 280 вработувања)
- Баумер Швајцарија во ТИРЗ Скопје 1 (сензори, декодери и други електронски компоненти со околу 200 работни места)
- Мурат Тичарет од Турција во ТИРЗ Скопје 2 (автомобилска индустрија, електрични инсталации и кабли евра со околу 300 вработени)
- Дура САД во ТИРЗ Скопје 2 (автомобилска индустрија, надворешни трим делови, до 500 вработувања)
- Кеслер Германија во ТИРЗ Скопје 1 (електромотори со 150 вработувања)
- Саген Албанија во ТИРЗ Скопје 1 (фармацевтска индустрија, до 100 вработувања)
- Reci & Sons иселеници во САД, во ТИРЗ Струга (хемиска индустрија, средства за чистење и хигиена, 250 вработувања)
- Џемдаг Лајтенинг од Турција во ТИРЗ Скопје 1 (производство на опрема за осветлување и фотоволтаични панели, до 200 вработувања)
- Доган Отомотив од Турција во ТИРЗ Скопје 1 (автомобилска индустрија со 50 вработени)
- Балканлар пластик од Турција во ТИРЗ Скопје 1 (амбалажа за градежна и прехранбена индустрија со 80 вработени)
- Зенит од ОАЕ во ТИРЗ Скопје 1 (производство на грејачи за бојлери со 80 вработувања)
- Герешајмер од Германија во ТИРЗ Скопје 1 (амбалажа за медицинска и фармацевтска индустрија, до 500 вработувања)
- Малхотра Кабелс од Индија во ТИРЗ Скопје 2 (производство на кабли во автомобилска индустрија, со 130 планирани вработувања)
- ODW Електрик од Германија, 2-ра фаза во ТИРЗ Струга (автомобилска индустрија за жични склопки со 90 нови работни места)
- Диатек Италија, 2-ра фаза инвестиција во ТИРЗ Скопје 1 (производи од пластични маси и преработка на хартија, 30 нови работни места, што е дуплирање на бројот на вработени во нивната компанија)
- Костал од Германија во ТИРЗ Струга (електронски и мехатронски делови во автомобилска индустрија со 330 вработени)