Предност за Ливерпул и Тотенхем по првите четвртфинални средби во ЛШ

од desk4
161 прегледи

Домашните екипи забележаа победи на првите натпревари од четвртфиналните пресметки во фудбалската Лига на шампиони.

На „Енфилд“ Ливерпул го победи Порто со 2:0. Стрелци на головите беа Кеита во 5. И Роберто Фирмино во 26.минута.

Во англиската пресметка, Тотенхем го победи Манчестер сити со 1:0. Победничкиот гол за домаќините беше дело на Сон Хин Мин во 78.минута.

Пенал во првото полувреме и шанса за водство на Сити пропушти Серхио Агуеро.

Вечер од 21 часот играат:

Ајакс – Јувентус
Манчестер јунајтед – Барселона.