
Американската актерка Скарлет Јохансон, предупреди дека е прашање на време, додека во своите обиди да гонат личности како неа, папараците предизвикаат друг инцидент, сличен на оној со принцезата Дијана, пренесе „Гардијан“.
Во официјалното соопштение, Јохансон раскажува како била следена низ Лос Анџелес од група папараци кои ја забележале како си заминува од студиото по учество во шоуто на Џими Кимел.
Според неа, таа била бркана од пет автомобили со затемнети прозорци кои минувале на црвено и ги подложиле на опасност животот на другите возачи и пешаците во обидот да дознаат каде се сместени таа и нејзината ќерка.
„Папараците постојано достигнуваат сè поопасни височини во обидот да ги гонат и малтретираат луѓето кои ги сликаат“, пишува актерката и додава: „Дури по трагичната смрт на принцезата Дијана законите така и не беа променети во заштита на целите на невоздржаните папараци“.
34-годишната актерка вели дека почувствувала дека е нејзина должност, како загрижен граѓанин, да ја посети најблиската полициска станица и да гопријави случајот.
Нема информации дали таа покренала тужба и не било регистрирано злосторство, но Јохансон повикува папараците да бидат класифицирани според законот како „криминални прогонители“.
Таа додава: „Жените во САД се прогонувани, малтретирани и исплашени и потребен е универзален закон за справување со следењето да биде меѓу водечките теми во разговорите за примена на законот“.
Во САД, вестите за славните личности се заштитени од Првиот амандман, кој ја гарантира слободата на печатот. Одделни Држави имаат и своите специфични закони во однос на фотографите, како на пример во Калифорнија е нелегално да се прават слики на децата на познатите на начин кој би им наштетил или би ги посрамотил.