Oppo Reno нуди 10x хибриден зум и необична селфи камера (ВИДЕО)

од Vlatko K
132 прегледи

Кинеската компанија Oppo ги претстави првите уреди во својата нова серија Reno и тие нудат некои
интересни иновации. Започнуваме со Reno 10x Zoom Edition, кој се потпира на чипсет Snapdragon
855 и нуди 6.6-инечн FHD + AMOLED дисплеј покрива 93.1% од предниот дел. Откриваме уште
батерија со капацитет 4065mAh, која се полни брзо преку технологијата VOOC 3.0, NFC, оптички
сензор за отпечатоци на екранот, Dolby Atmos AC-4 звук и три микрофони.


Како што сугерира името, камерата има интересни параметри. Таа вклучува 48МР (f / 1.7) главен
сензор (Sony IMX586) 8МР (f / 2.2) камера со ултра широкоаголна оптика (120 степени) и 13МР
сензор со перископска телефото оптика (f / 3.0). Во комбинација, трите камери покриваат фокална
должина од 16mm до 160mm, која компанијата ја користи, за да тврди, дека обезбедува 10x
хибриден зум. На овој начин и Huawei P30 Pro обезбедува зум од 7,8x (16-125mm).

Два од сензорите имаат оптичка стабилизација, а благодарение на користениот чипсет можно е
снимањена 4K 60fps видео со хибридна стабилизација и со 3D звук со опција за аудио зумирање до
објектот. Уредот нуди и подвижна селфи камера со необичен дизајн, со сензор од 16MP (f / 2.0) и
блиц. Задниот дел на оваа моторизирана компонента исто така го содржи и блицот за главната
камера. Ако мислите дека таков дизајн нема да биде особено издржлив, Oppo уверува дека треба
да трае 5 години со 100 отворања на ден.

Во исто време Oppo Reno Standard Edition ја нуди истата „подвижна“ селфи камера и 48МР главен
сензор, но тој е дополнет од 5МР сензор за длабочински ефекти. Уредот снима 4K 30fps видео и
нуди електронска стабилизација. Меѓу другите карактеристики откриваме и помал 6.4-инчен FHD +
AMOLED дисплеј, чипсет Snapdragon 710 и батерија со капацитет 3765mAh, но нема да има microSD
слот како другиот уред.

Oppo го претстави и Reno 5G кој има 5G можности и ќе се нуди на избрани пазари, но засега нема
повеќе детали за него.

Кои се цените на новите модели? Reno Standard Edition ќе чини од 2.999 јуани (396 евра) за верзијата
со 6GB RAM и 128GB меморија, а најскапото издание со 8GB RAM и 256GB меморија ќе биде по цена
од 3599 јуани (475 евра). Неговата продажба во Кина започнува на 19-ти април.

Reno 10x Zoom Edition ќе се појави во источната земја од средината на мај по цена меѓу 3.999 и
4.799 јуани (528 и 634 евра) зависно од меморијата (6 / 8GB RAM и 128/256GB за датотеки).
Според Engadget презентацијата на серијата во Европа е предвидена за 24 април, па тогаш
очекуваме да дознаеме повеќе детали за цените на уредите.