Firefox наскоро ќе ве заштити од скрипти за „копање“ криптовалути

од Vlatko K
126 прегледи

Во времиња, во кои секој сериозен пробив на податоци фрла повеќе светлина врз тоа како се следи
веб активноста, Firefox пушта алатки против следење, за да се заштити од скрипти за „копање“ на
криптовалути.


За новите алатки, Mozilla повторно обединува сили со Disconnect – софтверска компанија која
обезбедува софтвер за следење и чија листа со реклами Firefox веќе ја користи за своја заштита. И
двете методи за блокирање се достапни за тестирање во верзиите Nightly 68 и Beta 67 на Firefox.
Mozilla планира да ги овозможи стандардно во идната верзија на прелистувачот.

За непосветените – кај нелегалните скрипти за екстракција на криптовалути злонамерни лица
можат да ја „впрегнат“ вашата машина тајно да „копа“ криптовалути – процес кој ја зголемува
активноста на процесорот и ја истоштува моќноста. Ова обично се постигнува преку скрипти,
користени зад кулисите на веб-страниците. Последното ажурирање на Firefox ги блокира скриптите
за криптовалути, кои се содржани во листата на Disconnect.

Истото важи и за т.н. „ngerprinting“: идентификатор, управуван со податоци, базиран на
информациите за поставувањатана прелистувачот (како резолуција на екранот, оперативниот
систем, локацијата и јазичните поставувања), која е достапна на веб-страниците со цел да се
оптимизира. Овие податоци потоа може да се користат за идентификување и следење на вашата
веб активност дури и ако ги исчистите вашите колачиња, според Mozilla.

За сега, тестерите можат да активираат методи за анти-следење преку „преференци“ (preferences)
во главното мени на Firefox. Тие исто така ќе бидат вклучени стандардно во Firefox Nightly во
наредните недели.