Поранешниот напаѓач на Челзи, Дидие Дрогба смета дека Манчестер Јунајтед може да победи во
Лигата на шампионите оваа сезона, иако тимот не е поставен меѓу најголемите фаворити за ова.
Истото беше и со лондонскиот тим во 2012 година, кога иако завршија 6-ти во Премиер лигата, тие
го освоија трофејот во најпрестижниот турнир откако победија на пенали против Баерн (Минхен) во
финалето на „Алијанц Арена“.

„Дали знаевте дека ќе ја освојам Лигата на шампионите во 2012 година? Затоа што јас – не. Дури и
јас не знаев дека сме способни за тоа. Можеби ќе се појави некој играч или тим, клуб како
Манчестер Јунајтед. Од она што го видов против Пари Сен Жермен мора да се смета на нив. Тие
имаат дух и класа. Тие имаат менаџер кој го освоил трофејот и знае како да победува. Секогаш е
различно кога тренерот играл во клубот“.
„Тој го познава духот на тимот, откако знае се за клубот. Играчите го почитуваат ова. Токму тоа се
случи со Роберто Ди Матео и нас. Сега е истото со Манчестер Јунајтед и Оле Гунар Солскјер. Ајде да
не претеруваме со споредбите, но гледам малку од она што ние го направивме во 2012 година,
бидејќи тие победија на место каде што никој не го очекуваше од нив („Парк де Пренс“ – н.з.), и тоа
на многу, многу добар начин. Па така ќе биде интересно“, изјави Дрогба пред Goal.com.