Таткото на крилото на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата, потврди дека клубот му понудил нов договор
на неговиот син.

Договорот на Шпанецот истекува на крајот на сезоната и тој има можност да си замине како
слободен агент. Деновиве Мата одби да коментира за својата иднина, велејќи дека е фокусиран на
остатокот од сезоната.
„Sky Sports“ тврди дека 30-годишниот Мата веќе имал преговори со Барселона. Во исто време
фудбалерот ги дознал и новите услови кои му ги нуди клубот од „Олд Трафорд“.
“Манчестер Јунајтед ни понуди продолжување на договорот и ние сме радосни од овој факт. Ние
сепак имаме понуда и од друг тим кој учествува во Лигата на Шампионите. Враќање во Шпанија?
Тоа е можно, но сега е несоодветен ден за дискусија на оваа тема. Ништо не е одлучено“, рече
таткото на Мата, цитиран од радио „Cadena Ser“.