Сопствениците на ПСЖ купуваат уште еден европски гигант?

од Vlatko K
167 прегледи

Сопственикот на француски ПСЖ, „Катар Спорт Инвестментс“ е подготвен да купи уште еден
европски клуб, вели италијански „Кориере дело Спорт“.

Се зборува за понуда од 400 милиони евра за Рома, иако сопственикот на „волците“, Џејмс Палота,
негира дека тимот е за продажба.

Француски „Екип“ потврди, дека богаташите од Катар планираат да инвестираат во уште еден клуб
од Западна Европа и покрај гласините за финансиските проблеми на ПСЖ.