Проф. Ангел Димитров: Договорот е солидна основа за позитивна промена во нашите односи со Македонија

од desk4
343 прегледи

 

“Политичарите презедоа сериозен чекор со Договорот за пријателство и соседство. Тој е солидна основа за многу позитивни промени во билатералните односи, но и како поттик за постигнување на евроатлантските и европските желби на соседната Северна Македонија. Се надевам дека сето ова навистина се случува. Нашата заедничка комисија не е незначителен дел од она што треба да го сторат двете земји “. Ова го изјави проф. Ангел Димитров, копретседател на заедничкиот бугарско-македонски комитет за историски работи, објави  БГНЕС.

Во Бојана, денеска заврши дводневниот состанок на комисијата  на двете земји кои разговараа за надминување на рзаликите воучебниците. На овој состанок се  дискутираа и  за личноста на Гоце Делчев.

Професорот Ангел Димитров предложи “изнаоѓање решение за прославата на една толку сакана личност во двете земји како Гоце Делчев”. Двете страни го оставија прашањето за следниот состанок во јуни.

“Се надевам дека следниот состанок ќе доведе до решение слично на она што го направивме за цар Самуил. Искрено се надевам дека на следниот состанок ќе завршиме со античкото време, но ќе направиме солиден исчекот напред во остварувањето на заедничката позиција околу забелешките со интерпретацијата на средниот век “, истакна проф. Димитров.

Професорот Драги Георгиев, копретседател на македонската страна, рече дека прашањето на Гоце Делчев е “чувствителна тема за оваа важна личност”. “Ние дискутиравме за Гоце Делчев денес и сметаме дека треба да се продолжат  разговорите за Гоце Делчев како за една личност, која заедно ќе ја славиме”, истакна тој. Проф. Георгиев рече дека македонската страна ќе подготви текст што ќе биде предложен на состанокот во јуни.

“Сметаме дека работата на комисијата е многу сериозна. Потребно е време, потребни ни се консултации со специјалисти за да претстават сериозна препорака до владите “, сумираше професор Георгиев, на крајот на оваа рунда преговори.