Dropbox ќе им овозможи на некои од своите корпоративни корисници да ги уредуваат текстуални
датотеки, табели и презентации преку Google Docs, Sheets и Slides.

Created with GIMP
Ова ќе биде направено директно во облачниот простор на платформата, откако досега се вршеа
затворени бета тестирања на новата функционалност. Преку неа се алтернатива на апликациите во
пакетот на Microsoft Oce.
Новата функционалност е слична на она што го нуди Google Drive, откако ќе себара поврзување на
Google врска кон Dropbox. До 6 мај, корисниците на Business претплатата, кои ја користат
платформата на англиски, ќе можат да го тестираат решението, а подоцна во годината ќе биде
достапна за повеќе корисници.
Уредувањето на датотеки ќе биде можно преку Dropbox веб-клиентот за Windows и MacOS, но не и
за мобилни апликации на платформата. Покрај уредување на датотеки, корисниците ќе можат да
создаваат и нови.
Членовите на тимот во Dropbox Business ќе можат да ги споделат своите работни проекти додека
работат преку опциите за документи. Ќе бидат достапни различни нивоа на пристап, вклучувајќи
само гледање.
Системот на Dropbox за пребарување на датотеки, исто така, ќе функционира за оние кои се
уредувани и креирани со онлајн редакторите на Google.
Платформата ќе испраќа известувања кога ќе има коментари за кој било од проектите што им се на
располагање на корисниците.