Откриен е исклучително софистициран шпионски софтвер

од Vlatko K
111 прегледи

Комплексна платформа за сајбер шпионажа наречена TajMahal, нуди широк спектар на шпионски
функции, непознати до сега, алармира безбедносната компанија Kaspersky Lab.

TajMahal е во можност да пристапи до „колачињата“ (cookie) во прелистувачот и до списоците со
бекап за мобилни уреди на Apple. Опасниот софтвер исто така може да украде податоци што
корисниците сакаат да ги снимат на CD и документи за печатење.

Покрај тоа, шпионската платформа овозможува кражба на одредена датотека претходно видена на
USB стик, пишува Wired. Кражбата се јавува кога следниот пат ќе го вклучите УСБ-то на компјутерот
на жртвата.

До сега, Kaspersky Lab откри само една жртва на TajMahal, откако се работи за амбасада на
средноазиска држава. Сепак, експертите за безбедност се убедени дека сајбер криминалците се
многу поголеми организации.

Анализата на малициозниот софтвер покажува дека TajMahal е создаден пред најмалку шест
години. Првите откриени примероци од овој малвер датираат од април 2013 година, соопшти
безбедносната компанија.