Ѕвездата на Ред Бул, Макс Верстапен беше бесен по завршувањето на денешните квалификации за
неделната Гран При на Кина. Холанѓанецот ја префрли вината за петтата стартна позиција на
Себастијан Фетел и двајцата тимски колеги од Рено – Даниел Рикардо и Нико Хулкенберг.
– Се движевме еден зад друг во обиколка пред последните наши обиди и во еден момент Фетел
реши да ме надмине, а двата болиди на Рено сметаа дека е подобро да го следат. Со ова дејство
тие ја уништија мојата подготвителна обиколка, а во исто време има непишано правило, според кое
пилотите чекаат и не се претекнуваме во овој момент, изјави Верстапен.
– Како и да е, од сега па натаму ветувам дека во квалификациите ќе им вратам на ист начин.
Жалам само за тоа дека денес пропуштив шанса да се изборам за трета стартна позиција и така
утре ќе треба да се борам и со болидите на Ферари, но веќе ништо не може да се направи по тоа
прашање. Се надевам дека утре ќе успеам, заврши лут Холанѓанецот.