Tренерскиот штаб на Барселона е загрижен за состојбата на халфот Серхи Роберто, кој поради
повреда отпадна од составот за гостувањето на Хуеска од 32-то коло на Ла Лига.

Повредата на Роберто е во левата нога и тренерот Ернесто Валверде беше принуден да го повика
на негово место младиот сенегалскиот фудбалер од школата, Муса Ваг.
Повредата на Роберто не е премногу сериозна, но Валверде избрал да не ризикува и да му даде
одмор, па да е во можност да игра во четвртфиналниот реванш дуел од Лигата на Шампионите
против Манчестер Јунајтед.
Серхи Роберто не започна како стартер против „црвените ѓаволи“ на „Олд Трафорд“ во првиот
четвртфинален дуел, но се појави во игра во второто полувреме.