Шампионите го започнаа победнички плејофот на НБА

од desk4
104 прегледи

Шампионот на НБА, Голден Стејт запишаа успешен старт во плејофот на Западната конференција откако ги победија Л.А. Клиперс дома со 121:104 дома во првиот натпревар од четвртфиналната серија.

„Воините“ презедоа контрола во средината на вториот дел и до полувремето водеа со 13 поени, по што не ја испуштија предноста до крајот.

Над сите на теренот беше Стеф Кари со 38 поени, 15 скока и 7 асистенции, а Кевин Дурант додаде 23 поени за успехот. Дрејмонд Грин постигна 17 поени, 7 скока и 7 асистенции.

Вториот меч од серијата е за два дена повторно во Оукленд.

Средби од првото коло во плејофот на НБА (се игра до четири победи во седум натпревари):

Источна конференција:
Торонто – Орландо 101: 104
* Орландо води со 1:0 во серијата.
– – –
Филаделфија – Бруклин 102:111
* Бруклин води со 1:0 во серијата.

Западна конференција:
Голден Стејт – Лос Анџелес Клиперс 121:104
* Голден Стејт води со 1:0 во серијата.
– – –
Денвер – Сан Антонио 96:101
* Сан Антонио води со 1:0 во серијата