Хамилтон доминантен на Шангај, нова „еден-два“ победа за Мерцедес

од Vlatko K
106 прегледи

Светскиот шампион Луис Хамилтон победи убедливо во Гран При бр.1000 во Формула 1, откако
доминираше во Кина и стигна до 6-тата победа на патеката во Шангај.


Британецот поведе уште од почетокот и не ја испушти контролата, постигнувајќи го 75-тиот успех во
кариерата. Мерцедес се израдува на третата „еден-два“ победа сезонава, откако Валтери Ботас
заврши втор, а Себастијан Фетел со Ферари остана трет, запишувајќи прв подиум сезонава.
Трката не понуди многу емоции, а битката беше претежно стратешка, а генерално „сребрените
стрели“ немаа проблеми и продолжија со својата доминација.

Хамилтон ја предводи табелата за сезоната со 68 поени, додека Ботас е со 62. Макс Верстапен, кој
заврши 4-ти, е на треот место во пласманот со 39 поени, Фетел има 37, а петтиот Леклер е со 36.
Пјер Гасли остана 6-и, откако успеа да направи и најбрза обиколка во трката и зеде уште еден бод, а
по него први поени за Рено запиша и Дани Рикардо. Серхио Перез со Рејсинг Поинт заврши 8-ми,
Кими Раиконен зеде поени и во третиот старт за Алфа Ромео со 9-тата позиција, а Алекс Албон, кој
стартуваше од боксот поради вчерашната несреќа, се претстави импресивно и стигна до 10-тото
место за Торо Росо.