Францускиот репрезентативец Пол Погба беше двоен стрелец за Манчестер јунајтед вечерва во
победата над Вест Хем со 2:1. За фудбалерот од средниот ред на тимот од „Олд Трафорд“ ова беа
први погодоци по пауза од десет натпревари или вкупно 964 минути.

Погба се запиша во листата во 19.минута и 80.минута, два гола ги даде од пенал. За гостите од
Лондон погоди Андерсон во 49.минута.
Резултати на другите саботни натпревари од 34.коло во Премиер лигата:
Тотенхем – Хедерсфилд 4:0
Брајтон – Бурнмут 0:5
Барнли – Кардиф 2:0
Фулам – Евертон 2:0
Саутемптон – Вулвс 3:1.
Табела: Ливерпул 82 бода (33 натпревари), Манчестер сити 80 (32), Тотенхем 67 (33), Челзи 66 (33),
Манчестер јунајтед 64 (33), Арсенал 63 (32), Лестер 47 (34)…